• Нова Рефрактори

НОВА РЕФРАКТОРИ - ВОВЕД

НОВА Рефрактори АД (НОВА), е основана во декември 2013 година, со превземањето на постоечка фабрика за огноотпорни материјали во Пехчево, Македонија. Самата фабрика постои од 1949 година, кога беше основана како држава компанија со име "Црвена Звезда". Во 2004 година, фабриката беше приватизирана. Моменталните акционери на НОВА со средствата се стекнаа после извршителна постапка на самиот крај на 2013 година. Во моментов, со над 65 години искуство во производство на високо квалитетни огноотпорни материјали, фабриката има развиено значително проширување на асортиманот на производите и зголемување на производството со вклучување на модерни производствени техники проследени со неопходни инвестиции направени од страна на акционерите. Квалитетот на производите е значително подобрен со подобрување на смешата на суровини и со контролата на процесот за што добива пофалби од сите корисници, како локални така и од странство.

НОВА е поврзана со Групацијата Кунико (http://www.cunicoresources.com) преку нејзината подружница Фени Индустри А.Д. во Македонија која е една од нејзините акционери основачи. НОВА во моментов е една од водечките производители на огноотпорни материјали во регионот за големи и почитувани индустриски крајни корисници. Во овој поглед, НОВА, во тесна соработка со своите клиенти, развива нови производи и технички решенија поткрепени со супериорна техничка експертиза. Професионалноста прикажана од страна на нашиот високо квалификуван персонал и мотивиран менаџмент овозможува секоја компанија многу лесно да ги користи нашите услуги.

НОВА е производител на алуминиумски и магнезиумски огноотпорни производи - формирани (огноотпорни тули) и гранули (огноотпорни маси, малтер, бетон), и е една од малкуте производители кои можат да ги понудат и двете производни програми.

За повеќе информации ве молиме посетете ја нашата веб-страница: http://www.novarefraktori.com/