• Утовар на никелова руда на пристаништето во Солун

  • Утовар на никелова руда на пристаништето во Солун

  • Извоз на фероникел во кипери

Кои сме ние?

Нова Логистик е фирма за логистика и царинско застапување која ги опслужува Фени Индустри - Кавадарци, Ferronikeli - Глоговац, Нова Инжинеринг -Кавадарци, Нова Рефрактори - Пехчево, како и матичната компанија Cunico Resources, а со работа започна во Јануари 2014.

Со што се занимаваме?

Основната дејност на Нова Логистик е организација и логистика на внатрешен и меѓународен транспорт (друмски, железнички, авионски и бродски) за опслужување на комплексниот систем на целокупната групација Кунико и непречено одвивање на протокот на стоки, НОВА Логистик, пред сé овозможува полесен и потранспарентен пристап до информации. Тоа води кон помалку потрошено време благодарение на зголемената ефикасност и за време на извршувањето на царинските постапки при увоз и извоз на стоки.

Во 2014 и во 2015 година беа превезени по 2 милиони тони репроматеријали, секоја година, како и по 18 000 тони произведен никел. НОВА Логистик оперира со Солунското пристаниште како и со камиони во ранг од 400 до 500 возила (вклучувајќи кипери, церади, како и платформи за контејнери) со што на превозниците и сите останати инволвирани страни во логистичкиот ланец, им се овозможува подобрување на животниот стандард.

Документи кои ги поседуваме:

НОВА Логистик во текот на своето работење ги обезбеди следниве царински одобренија: 

  • • Одобрение за вршење на работи во застапување при царински постапки со кое се возможува царинење на сите видови на стоки;
  • • Одобрение за локално царинење при увоз;
  • • Одобрение за локално царинење при извоз на стоки;
  • • Одобрение за овластен примач со кое се овозможува завршување на сите транзитни постапки при увозот на стоката.

Контакт

Општи информации

НОВА ЛОГИСТИК ДООЕЛ, Кавадарци

Друштво за производство, трговија и услуги НОВА ЛОГИСТИК дооел увоз - извоз Кавадарци

с.Возарци бб – 1430 Кавадарци – Македонија

+389 43 421 391; +389 43 421 245; +389 43 421 284;

+ 389 43 418 305

info@novalogistik.mk