• Работилница на Нова Инжинеринг

  • Работилница на Нова Инжинеринг

  • Нова Инжинеринг: плазма секач

Кои сме ние?

Нова Инжинеринг е една од најголемите машински работилници во земјава. Отпрвин, во осумдесетите години, била дел од Фени Индустри (тогашно Фени). Потоа станала одделна компанија (Фиорд Технологии), а од Март 2011год., повторно беше превземена од Фени Индустри. Вкупно 60 лица работат во НОВА.

НОВА Инжинеринг е компанија чиј опсег на активности се проектантски, изведувачки и инжинерски услуги во рамки на корпорацијата Cunico Resources N.V. Особеноста на Нова Инжинеринг се состои од уникатната дејност и вештини кои се ретко достапни, како во земјата така и на меѓународниот пазар. Имено, оваа компанија претставува лидер во земјата и пошироко за изведба на нестандардна опрема во согласност со директните барања и потреби на корисникот, меѓу кои секако најголем удел имаат ФЕНИ Индустри, Newco Ferronikeli, а секако и трети компании. Компанијата има вработено високо стручен инжинерски кадар, кој постојано ги надградува своите квалитети и компетенции.

Со што се занимаваме?

НОВА Инжинеринг нуди машински услуги на Фени Индустри, на Newco Ferronikeli, Нова Рефрактори но и на други компании кои не се дел од Групацијата Кунико. Нова Инжинеринг спроведува разни активности поврзани со производниот процес, замена на делови и ремонтни активности, изработка и поправка на расипани машински делови заради дефекти и дисфункција, производство на разни делови потребни за секторите на одржување, производство, рудници, лабараторија, обезбедување и противпожарен сектор, изработка на разни видови опрема за сите инвестициски проекти, изградба, надзор, тестирање и пуштање во работа, подготовка на техничка документација работни цртежи и скици за опремата и подготовка на машински и градежни проекти за сите инвестициски проекти на Фени Индустри и Newco Ferronikeli.

Главен носечки столб на стратегијата на компанијата се иновативноста и постојаниот развој на инжинерски решенија, кои го олеснуваат технолошкиот процес, придонесуваат до поголема ефикасност, како и одржлив развој во компаниите каде се применуваат.

Со оглед на специфичноста на индустријата во која НОВА Инжинеринг работи, слободно може да се нагласи дека таа претставува редок вид на компанија на меѓународно ниво, претпознатлив на пазарот по исклучителниот квалитет при реализација на проектите, уникатноста на изведувачките решенија, како и стручноста и иновативноста на своите вработени, што пак само по себе преставува најголем придонес за општеството во кое компанијата опстојува.

Контакт

Основни информации

Нова Инжинеринг

с.Возарци бб – 1430 Кавадарци – Македонија

+389 43 421 427

+ 389 43 421 222

novai.tax@feni.com.mk