• Внатре во Електро Печка, за време на ремонт - Фени Индустри, Македонија

  • Поглед на фабриката Фени Индустри, Македонија

  • Поглед на фабриката Фени Индустри, Македонија

  • Внатре во Рото-Печка, за време на ремонт - Фени Индустри, Македонија

  • Внатре во Електро Печка, за време на ремонт - Фени Индустри, Македонија

  • Поглед на фабриката Фени Индустри, Македонија

  • Поглед на фабриката Фени Индустри, Македонија

  • Конвертор – Фени Индустри, Македонија

  • Поглед на фабриката Фени Индустри, Македонија

  • Рудни греди- Фени Индустри, Македонија

  • Фероникел гранули – Фени Индустри, Македонија

Фени Презентација

ФЕНИ Индустри е пирометалуршка фабрика за производство на фероникел, сместена во Кавадарци, Македонија.

Историски, ФЕНИ започна со работа во далечната 1982 година, но всушност во измината декада откако стана член на групацијата Кунико Ресурсис, достигна полн раст и развој.

Со 849 вработени, денес ФЕНИ е една од водечките компании во земјата во однос на инвестиции, извоз, вработување  и животна средина. Фени Индустри е фабрика која поседува две линии со ротациони печки и две правоаголни електро - печки кои се најголеми од тој вид во светот.

Во времето на основањето, едната линија за производство беше оперативна и годишното производство на никел беше приближно 5,000 тони. Следуваа технички дополнувања и капитални инвестии од групацијата, и фабриката сега е целосно оперативна, со двете линии кои работат истовремено. Како резултат на тоа, производството во фабриката на Фени Индустри постепено се зголемуваше до 20,000 тони годишно.

 За секоја линија, топилницата користи ротациона сушара која што ја храни ротационата печка, каде никеловата руда се суши и се редуцира и потоа се внесува во електро печка за целосна редукција на растопот на никел - железо легурата. Никел - железо легурата потоа се става во кислороден конвертор и се дува со кислород за да се намали содржината на железото, а воедно се зголемува содржината на никелот. Фероникелот потоа се носи во Холдинг печка каде температурата се покачува, и потоа металот се излива во форма на гранули.

 

Основниот производ на ФЕНИ е никел металот во форма на фероникел, што е легура која содржи приближно 20% никел и 80% железо, која се произведува со топење и рафинација на разни никлоносни руди кои содржат од 0.9% до 2.2% никел и од 15% до 40% железо. Бидејќи фероникелот е основна суровина за производство на нер’ѓосувачки челик, се извезува во челичарници ширум светот ( Европа, Азија, Америка).

Освен фероникелот како главен производ, во ФЕНИ Индустри како остаток од технолошкиот процес на преработка на рудата, се добива троска. Троската претставува спореден производ кој што се генерира истовремено со фероникелот. Во ФЕНИ се произедуваат два вида на троска и тоа троска од електро печки и троска од конвертор.